Пунктовите за храна и денеска затворени
САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итно и трајно примирје во Газа меѓу Израел и Хамас како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош ...

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итно и трајно примирје во Газа меѓу Израел и Хамас како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ целата енклава.
„Не можеме да поддржиме никакви мерки освен ако тие не го осудат Хамас и не го повикаат да се разоружа и да ја напушти Газа. Оваа резолуција би ги охрабрила и би ги поткопала дипломатските напори за постигнување прекин на огнот што би ја почитувал фактичката состојба на теренот“, изјави Дороти Шеа – в.д амбасадор на САД.
Блокадата од САД доаѓа во време кога Израел ги засилува операциите против Хамас и строго ја контролира ограничената хуманитарна помош. Хуманитарната фондација за Газа соопшти дека пунктовите остануваат затворени и денес, поради напори за обезбедување безбеден пристап на цивилите, откако многумина загинаа близу дистрибутивните центри.
