Јавен повик за изградба на гасификациска мрежа до крајот на септември
15.08.2014 13:36
Гасификацијата ќе ја подобри конкурентноста на домашната економија, а исто така ќе се намалат и трошоците за греење...

До крајот на септември годинава ќе биде објавен јавен повик за јавно- приватно партнерство за изградба и стопанисување со дистрибутивна и гасификациска мрежа во вториот и во третиот регион на земјава.
Во источниот регион ќе бидат опфатени 37 општини, а во западниот 26.
Гасификацијата на скопскиот регион ќе чини околу 100 милиони евра, а за другите два региона околу 50 милиони.
Гасификацијата ќе ја подобри конкурентноста на домашната економија, а исто така ќе се намалат и трошоците за греење меѓу 24 и 45 насто во зависност од големината на објектот.
