Образование

Македонија меѓу 10 земји со највисок процент на врсничко насилство

05.06.2025 12:51

Македонија се најде меѓу 10 земји со највисок процент на врсничко насилство. Најчести жртви се момчињата на 11-годишна возраст …

Македонија спаѓа во 10-те земји со највисок процент на врсничко насилство. Најголем дел на жртвите од булинг се 11-годишните момчиња, покажува Националниот извештај од 2021-2022 година во кој се опфатени над 5.000 адолесценти на 11, 13 и 15-годишна возраст.

Од септември 2024 до мај 2025 година на имејл адресата на Министерството за образование пристигнале околу 48 пријави. Позитивно се решени 28, а 20 се во тек. Дел од нив, поради комплексноста ги решаваат институции.

Насилниците обично се доживуваат како силни од своите врсници, но истражувањата покажале дека тие тоа го прават од немоќ, а всушност се работи за личности кои и самите доживеале некаков вид на насилство, дали физичко или психичко, од некој член на нивното семејство.

Нулта толеранција за насилството, такви училишта ќе градиме-став на Министерството за образование. За квалитетен образовен процес, на учениците им е потребна безбедна, стимулативна и сигурна средина.

Александра Спировска