Буфон го поддржа Конте
Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, му изрази поддршка на Антонио Конте, кој вчера беше назначен за селектор на „аѕурите“.
„Антонио со сигурност ќе има успех со националниот тим. Неговиот ангажман на клупата на Италија е за доброто на нашиот фудбал“, рече Буфон, кој претходно работеше со Конте на клупски план во Јувентус. Заедно освоија три шампионски титули во Серија А, сите во минатите три години.

Конте летово го напушти Јувентус поради несогласување со клупското раководство во врска со составувањето на екипата во преодниот рок. Клупата на Италија, пак, беше празна по заминувањето на Чезаре Прандели откако „сините“ не успеаја да ја минат групната фаза на Светскиот шампионат во Бразил.