Стратегија за поквалитетно образование
Надлежното министерството за да го подигне нивото на образование, изготвува Стратегија чии насоки ќе ги диктираат пазарот на труд, дигитализацијата, како и медиумската писменост.

Македонските ученици учат 900 часа помалку под светскиот просек, велат од УНИЦЕФ. Токму затоа потреба е сериозна и детална анализа на долг рок во образовниот процес. Надлежното министерството за да го подигне нивото на образование, изготвува Стратегија чии насоки ќе ги диктираат пазарот на труд, дигитализацијата, како и медиумската писменост.
Според последните анализи, учениците имаат лоши резултати во читање, математика и природни науки. Сето ова, негативната слика за образованието ќе ја промени новата Стратегија на која работи МОН.
Паралелно, се дискутира за промена на двосменска настава, односно децата од есен да одат само во една смена на училиште.
Во моментов 245 училишта работат во две смени. Ќе се доградат училишта, ќе се вработи и персонал.
Инаку, кризата во учењето е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици – немањето континуитет во реформските процеси и на неуспехот да се насочи образованието кон реалните потреби на учениците.
Борис Грујоски
