Временска прогноза

Сончево и многу топло, попладне нестабилна облачност со дожд и грмежи

06.06.2025 08:21

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.