Украина

Засилени руски напади во Киев и други региони

06.06.2025 08:31

Балистички ракети и беспилотни летала истрелани од повеќе насоки, соопштија украинските воздухопловни сили. Зеленски во обраќањето повика на силни чекори од партнерите...

Засилени руски напади на украинско тло. Балистички ракети и беспилотни летала истрелани од повеќе насоки, соопштија украинските воздухопловни сили. Зеленски во обраќањето повика на силни чекори од партнерите.

„Руски беспилотни летала го убија семејството на украински спасител, човек чиј живот беше посветен на спасување на други.Ова е секојдневната реалност. Светот, за жал, им дозволува да го прават ова.И затоа ни се потребни нови и доволни санкции, пред сè од Соединетите Американски Држави.Сметаме на силни чекори. Тоа е она што е во недостиг во моментов“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Рускиот ракетен напад доаѓа само неколку дена откако украинските безбедносни служби извршија серија гранатирања длабоко на руска територија, погодувајќи воздушни бази и оштетувајќи бројни руски воени авиони.