Забранет пристап на граѓани од 12 земји
Забраната за влез во САД на државјани на одредени земји е за заштита на американскиот народ, уверува Стејт департмент. Забраната стапува на сила во понеделник и нема датум на завршување...

Забраната за влез во САД на државјани на одредени земји е за заштита на американскиот народ, уверува Стејт департмент. Забраната стапува на сила во понеделник и нема датум на завршување. Меѓународните групи за помош и организациите за преселување на бегалци остро ја осудија одлуката на Трамп.
„Претседателот Трамп потпиша нова директива со која се ограничува влезот на одредена група странски државјани со цел да се заштити земјата од терористи и други закани по националната и јавната безбедност. Оваа акција ја зајакнува посветеноста на администрацијата за заштита на нашите граници и јасно се дава на знаење дека на оние кои сакаат да ни наштетат им е забранет пристапот“, изјави Томи Пигот, портпарол на Стејт департментот.
Трамп им забрани на граѓаните на 12 земји влез во Соединетите Држави и го ограничи пристапот за луѓе од седум други земји.
Некои спортисти и нивните тренери ќе бидат ослободени од забраната доколку патуваат во САД за Светското првенство, Олимписките игри или друг голем спортски настан.
