Празник

Православните верници ја одбележуваат Задушница

06.06.2025 08:04

Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите...

Православните христијани денеска и утре ја празнуваат задушница, денови посветени на молитвите за покојните роднини и пријатели. На задушница се посетуваат нивните гробови и се палат свеќи за покој на душата. Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.