Земјоделство

Десетици хектари под пластеници оштетени од невреме во струмичко

06.06.2025 13:53

Десетици хектари пластеници засеани со црвена пиперка се уништени од силното невреме што го зафати струмичко. Најпогодени се атарите на селата Муртино и Еднокуќево. Таму земјоделците денес ги санираа штетите и побараа обесштетување од државата …

Стојан од Муртино со сопругата ги санираа штетите од невремето. Се обидуваа да го спасат засеаното во пластениците кои страдаа најмногу од силниот ветар и дожд во ова населено место. Нема нива без уништени пластеници.

Со трактор од нива се враќаше и Панчо Крстев со сопругата. Кај него сите 25 пластеници отишле во неповрат. Штетите се огромни, бидејќи пиперките биле во фаза на цутење.

Земјоделците се надеваат на обесштетување од државата. Ги повикаа општинските комисии да направат процена на штетите по земјоделските посеви.

Штетите се огромни бидејќи пиперките под пластеници беа во фаза на цутење.

Ване Трајков