Mинистерот Муцунски во посета на францускиот Сенат
Министерот Муцунски го посетил францускиот Сенат и оствари средба со претседателката на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан, сенаторката Марта де Сидрак.

Во рамки на посетата на Париз, министерот Муцунски го посетил францускиот Сенат и оствари средба со претседателката на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан, сенаторката Марта де Сидрак.
Заеднички се согласиле околу значајната улога што ја имаат законодавните домови во меѓународните односи – преку активно учество во дипломатските процеси, влијание врз надворешната политика и промовирање на меѓународната соработка.
Разговарано е и за европската перспектива на нашиот регион, можностите за унапредување на парламентарната соработка и потенцијалите за продлабочување на билатералните односи во политички и економски рамки. Министерот Муцунски изрази благодарност за долгогодишната и активна заложба на францускиот Сенат во унапредувањето на релациите со нашето Собрание, како и за недвосмислената поддршка за нашите европски интеграции.
