Македонија

Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

06.06.2025 12:14

Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите...

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот Венко Филипче во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на  Македонија упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

„На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите.

Со искрени желби за добро здравје и благосостојба,  на сите верници од исламската заедница им посакувам овие празнични денови да донесат духовен мир, разбирање и заедништво во секој дом. Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен. Нека е честит и вековит празникот Курбан Бајрам“, порачува во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче