Фудбал

Поповолни услови за Стерлинг?!

15.08.2014 13:57

Ливерпул ќе ја зголеми платата на Рахим Стерлинг за четирипати, соопшти клупското раководство. Талентираниот англиски репрезентативец сега заработува 30 000 фунти неделно, а договорот му истекува за три години. Сепак, Ливерпул сака да гради иднина со Стерлинг во тимот, па затоа ќе ја реализира најавата дека ќе му понуди нов, поповолен договор. Според „Мирор“, тоа ќе биде четирикратно зголемување.

Со оглед на добрите настапи на Стерлинг на Мундијалот во Бразил, некои големи европски клубови почнаа да покажуваат интерес за неговите услуги, а во англискиот печат се споменуваше дека Реал Мадрид ги повлекол првите чекори во оваа насока. Можеби токму затоа Ливерпул се решава да го одврзе кесето?!