Македонија вечерва против Белгија во мундијалските квалификации

06.06.2025 12:30

Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026...

Македонската репрезентација вечерва на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Белгија во рамки на мундијалските квалификации.

По победата над Лихтенштајн и ремито со Велс, избраниците на Милевски се лидери во групата Ј со четири бодови.

Ова е петти дуел со Белгија, која важи за главен фаворит, а Македонија ќе се обиде да стигне до прва победа против „црвените ѓаволи“.

Квалификацискиот циклус продолжува на 9 јуни со гостување кај Казахстан.

Преносот од натпреварот можете да го гледате на МРТ1 и МРТ3 со почеток од 20 часот.

 

Фото: ФФМ