Зголемен број на ЕКГ прегледи како последица на високите температури
За само еден ден, матичните лекари во Штип направиле над 500 ЕКГ снимања, како последица на високите температури. Најголем број меѓу нив биле пациенти кои досега немале кардиоваскуларни проблеми. Лекарите апелирата на почитување на препораките...

За само еден ден, матичните лекари во Штип направиле над 500 ЕКГ снимања. Високите температури ги вознемирија оние кои имаат, но и оние кое досега досега немале срцеви проблеми.
„Тешко дишам, а и самиот воздух ми е тежок. Влијае и кај старите и кај младите“, велат анкетираните штипјани.
Поради ова, околу 50 матични лекари во Штип правеа и по 10 ЕКГ контроли.
„Имаме зголемен број на пациенти, оосбено во утринските часови. Најчесто се работи за ЕКГ и кардиолошки прегледи. Општите амбуланти се преполни со пациенти“, вели д-р Златко Стојменов, интернист.
Поради ова, лекарите уште еднаш педупредуваат за внимателност
„Да се избегнува најтоплиот дел од времето, работодавците да не ги изложуваат работниците на работа на отворено во најтоплиот период, а хроничните пациенти да ја земаат редовно терапијата и да консумираат повеќе вода и лесна храна“, потсетува д-р Стојменов.
Но, и покрај апелите граѓаните повторно во најтоплите делови од денот, се надвор.
„Жешко е ама имам обврски кои морам да ги завршам. Службено сум излезен, морам“, е ставот на оние кои во 15.00 часот беа надвор.
Секако, одлагање на некои работи нема, но треба барем да се одложат оние што може зашто, 500 ЕКГ прегледи за еден ден, во Штип немало никогаш.
Оливера Жежова
