Скопје

Полни контејнери низ општините во Скопје, граѓаните реагираат

06.06.2025 17:01

Полни контејнери низ општините во главниот град, граѓаните реагираат-отпадот не се собира навреме. Екологистите предлагаат рециклирање. Велат, ќе влијае кон подобрување на животната средина, ќе придонесе и за создавање на „циркуларна економија“.

Контејнерите почнуваат да се празнат откако општините сами го одлагаат отпадот за кој граѓаните плаќаат сметки на ЈП „Комунална хигиена“. Во одредени делови на Скопје контејнерите се чисти, во други сè уште претекуваат. Но со зголемувањето на температурите се зголемува и ризикот од зарази, да се реагира навреме – порачуваат граѓаните.

Некои од скопските градоначалници подготвуваат кривична за „Комунална хигиена“. Ги очекуваат законските измени со кои оваа обврска ќе биде под нивна надлежност.

Еко – активистите велат дека неопходна е стратегија за управување со отпад. Некои земји го користат како ресурс, селектираат, рециклираат, компостираат.

 

Александра Велинова