Партии

Интензивни подготовки пред локалните изброи

06.06.2025 16:33

До средината на идниот месец ВМРО-ДПМНЕ треба да ги комплетира кандидатурите за градоначалници за локалните избори, по што ќе бидат потврдени на Извршниот и Централниот комитет. Велат, барањето на Ахмети за предвремени парламентарни избори е гума за спас за рејтингот на ДУИ што брзо тоне. СДСМ го оценува како политички декор. Во наредните денови социјалдемократите ќе обелоденат уште дваесетина кандидати за градоначалници. И движењето ЗНАМ продолжува со подготовки за локалните...

Се интензивираат партиските подготовки пред локалните избори. До средината на идниот месец ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ, откако предлозите ќе поминат на највисоките партиски тела. Социјалдемократите дел од имињата ќе ги обелоденат наредната недела, но не откриваат кој ќе биде нивниот фаворит за Скопје.

Партиите од Европскиот фронт, очекуваат резултат како на последните избори. Според лидерот на ДУИ, Ахмети, заедно со локалните треба да има и парламентарни избори.

Максим Димитриевски ќе оди на трет мандат во Куманово. Неговата партија ЗНАМ, од денеска го формираше и градскиот комитет на Скопје во кој велат, учествуваат луѓе кои ќе го вратат сјајот на главниот град. Партијата ќе има и свој кандидат за градоначалник во скопска општина. За ова очекуваат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред локалните избори се поактуелна станува темата за измените во Изборниот законик за една изборна единица. Опозицијата го прифаќа предлогот, но бара консензус. Премиерот Мицкоски прифаќа една изборна единица, но да гласа и дијаспората.

Викторија Милевска