Украина

Масовни воздушни напади врз украинската престолнина

06.06.2025 20:28

Прекин на војната во Украина ниту на повидок. Масовни воздушни напади врз украинската престолнина и други украински градови. Има жртви и повредени. Кремљ потврди, нападите се одговор на како што велат, терористичките дејствија на Киев...

Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии.

„Имаше многугласна експлозија. Слушнав се и искрено, целиот мој живот ми светна пред очите. Почнав да добивам напад на паника, искрено, страдав од нив на почетокот на војната и сега повторно почнаа“, изјави жителка на Киев.

„Се чувствуваме малку исплашени бидејќи е многу бучно, поради ракетите, поради Шахедите кои летаат како пчели. Верувам во мир, но на силен начин со партнерите и украинската страна“, изјави жител на Киев.

По интензивните гранатирања и големиот број цивилни жртви, Зеленски ги повика САД и Европа да дејствуваат решително. Од украинското МНР со став, Путин не сака мир.

„Мислам дека ова беше најлошата ноќ од почетокот на бомбардирањата на Украина. И не само за Киев, туку и за многу други места низ земјата. Денес, војната е на истото место каде што беше пред половина или пред една година. Ве молам, немојте да бидете заведени од бесконечни вести за преговори, мировни предлози, идеи, барања. Сето ова е димна завеса. Под претседателот Путин не сака прекин на огнот, ниту пак сака да ја заврши војната“, изјави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

Од Кремљ и руското Министерство за одбрана соопштија дека нападите се одговор, на како што велат терористичките напади на киевскиот режим. Украина изминатиот викенд изврши напади врз руската воена инфраструктура.

„Се што се случува како дел од специјална воена операција, се што прави нашата војска на дневна основа, е одговор на дејствијата на киевскиот режим, кој сега ги стекна сите карактеристики на терористички режим. Што се однесува конкретно до ноќните напади, ако внимателно сте го прочитале соопштението на руското Министерство за одбрана, таму се вели дека се одговор на терористичките напади на киевскиот режим“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Американскиот претседател Трамп на средбата со германскиот канцелар Мерц истакна дека можеби е подобро да се остават Украина и Русија да се борат уште некое време.

„Понекогаш гледате две мали деца како се тепаат како луди. Тие се мразат едни со други и се тепаат во парк и се обидувате да ги разделите. Понекогаш е подобро да ги оставите да се борат некое време, а потоа да ги разделите“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

На последните разговори во Истанбул, Киев и Москва се согласија да разменат затвореници и тела на убиени војници.

 

Маријана Димовска