Венгер без германскиот „Арсенал“
Месут Озил, Пер Мертесакер и Лукас Подолски ќе го пропуштат првиот натпревар на Арсенал во годинашната сезона од Премиер лигата, лондонското дерби со Кристал Палас. Фудбалерите кои станаа светски прваци со Германија најверојатно ќе бидат на располагање за дуелот со Евертон во второто коло. Неизвесен е и Кошчиелни.

„Тој има проблем со ахиловата петица и дури пред мечот ќе се знае дали може да настапи“, објасни Венгер, кој е зачуден зошто Тони Пјулис го напушти менаџерското столче во Кристал Палас. „Се сретнав со него во понеделникот и немаше никакви најави дека ќе замине. Какво влијание може да има ова за екипата? Единствено што ние можеме да го направиме е да се подготвиме за дуел со тврд противник. Ова е прв натпревар во сеоната и противникот ќе биде концентриран и мотивиран“, смета Венгер.