Топлотниот бран ја зголеми фреквенцијата по туристичките агенции и граничните премини
Продолжениов викенд и топлотниов бран ја зголеми фреквенцијата по туристичките агенции. И годинава најбарани дестинации се Грција, Албанија, Турција, Тунис а како новитет годинава е и Шпанија. Каде ќе летуваат граѓаните, велат ќе зависи од повеќе фактори-цената, традицијата и навиките. Дел велат остануваат во нашите туристички центри …

Наглото затоплување ги разбуди чувствата на љубителите на егзотичните одморалишта и плажи. Од битолските туристички агенции велат продажбата на пансионите веќе добива на динамика а покрај Шпанија која годинава е новина во понудата најбарани дестинации се Грција, Албанија, Турција, Египет и Тунис. Факторот цена главна причина зошто има сè уште дилема каде да се летува.
Поскапено е малку но ако треба ќе се штеди малку па ќе се оди, велат граѓаните. Некои со цврст став-остануваме во нашите туристички центри.
Во првото деноноќие од продолжениов викенд на граничните премини Богородица, Блаце и Меџитлија излез од земјата оствариле околу 20.000 државјани за да се забрза протокот од МВР ги презема сите неопходни мерки
На граничниот премин Меџитлија на завидно ниво е и влезот во земјава и на грчките граѓани кој од поодамна се носители на нафтениот туризам.
Стевче Митревски
