Руски воздушни напади врз Харков
Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски. Украинскиот претседател ги повика меѓународните партнери да извршат притисок врз Русија...

Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски. Украинскиот претседател ги повика меѓународните партнери да извршат притисок врз Русија.
„Дипломатијата мора да функционира, безбедносните гаранции мора да бидат воспоставени, мирот мора да се воспостави, а тоа бара почетни чекори, вклучително и прекин на огнот. Мора да извршиме притисок врз Русија за да се осигуриме дека ова ќе се случи и дека нападите ќе престанат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Москва вчера потврди дека целта е постигната, а нападите се изведени врз позиции како одговор, на како што вели, терористичките напади од Киев. Изминатиот викенд Украина изврши голема акција под името „Пајакова мрежа“ и погоди руска воена инфраструктура. Американскиот претседател Трамп вели дека тие напади му дале причина на Путин да ги бомбардира Украинците.
