трговија

Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон на трговски разговори

07.06.2025 12:00

Новата рунда разговори е договорена за време на телефонскиот разговор со кинескиот претседател и Ши Џинпинг...

Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон во понеделник на трговски разговори. Новата рунда разговори е договорена за време на телефонскиот разговор со кинескиот претседател и Ши Џинпинг. Според Трамп, целта на разговорите е да се разгледаат деталите од трговскиот договор постигнат во мај во меѓу двете најголеми економии.

„Многу напреднавме во договорот со Кина. Разговарав со претседателот си, претпоставувам, повеќе од два часа. Имавме многу добар разговор. Тоа е комплициран договор, но тоа е договор кој, знаете, може да ни донесе многу пари и многу други работи. И се сложуваме многу добро со претседателот си и со кина“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Откако ја презеде функцијата, Трамп ја заостри трговската политика кон Кина, а казнените царини за кинескиот увоз во сад на момент достигнаа неверојатни 145 проценти, на што Пекинг одговори со контрамерки.