инфраструктура

Нова пречистителна станица за отпадни води во Дојран

07.06.2025 14:05

Пред стартот на летната сезона во Дојран се очекува да проработи новата и современа пречистителна станица која ќе обезбеди поголема и поефикасна заштита на езерото. Таму паралелно се работеше и на канализационата мрежа...

Новата станица за прочистување на отпадните води во Дојран е готова. Треба да биде ставена во функција наредниот период. Така најавуваат општинските власти кои очекуваат премостување на мрежата од старата кон новата станица.

Изградбата на станицата во Дојран е дел од поголемите инвестициони проекти на Општината за поефикасна еко заштита на Дојранското езеро.

Со станицата беше саниран и колекторскиот систем изграден пред 40 години на кој се приклучени правните и физички лица во Дојран.

Еко зафатите во Дојран чинат околу 5 милиони евра. Парите се безбедни преку Владата но и Словенија. Освен во Дојран пречистителни станицци за отпадни води се градат и во селата Црничани и Фурка.

Ване Трајков