Во Прилеп отворен МТФ „Војдан Чернодрински“
Во Прилеп е отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Доделени се наградите за животно дело и публиката ја виде првата од деветте претстави во конкуренцијата за награди. Фестивалот ќе понуди цела недела врвна театарска уметност …

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е традиција, духовна навика и жива дебата за тоа каков театар сакаме да гледаме и какво општество сакаме да градиме, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Актерот создава и твори, а годините не се пречка за тоа, порачаа тројцата наградени за животно дело.
Публиката сака да се одржува фестивалската традиција по која градот е препознатлив како театарски во и надвор од земјава.
На отворањето на фестивалот, МНТ ја изведе претставата „12“ првата во конкуренцијата за награди.
МТФ „Војдан Чернодрински“ го одразува мигот во кој се наоѓа македонскиот театар, а најдобрите остварувања ќе ги оценува меѓународно жири.
Елизабета Митреска
