Конференција „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
„Безбедно балканско туристичко лето 2025“ – конференција на Интернационалната полициска организација со превентивни мерки за лето без жртви и повредени...

Туристичките агенции бараат да се преземат конкретни мерки да се намали чекањето на граничните премини за време на туристичката сезона кога е зголемена фреквенцијата. Велат, со повеќе цариници и побрз систем ќе нема километарски колони, вербални и физички пресметки и чекање со часови.
34 животи згаснале во сообраќајни несреќи само минатото лето. Причините се неприлагодена брзина, непочитување на патната сигнализација, користење мобилен телефон, замор. Од Интернационалната полициска организација сметаат дека треба да се делат информативни летоци за црните точки и за местата на кои има градежни работи или пренасочување на сообраќајот.
Со зголемувањето на фреквенцијата во летниот период ќе се зголеми и присуството на полициски службеници, најавуваат од МВР. И ова лето ќе има размена на полициски службеници со Србија, Косово, Црна Гора.
Да не се користат капацитетите на МВР ако нема повреди и оштетување на возилата при сообраќајна несреќа, туку да се направи Европски записник, советуваат адвокати.
Александра Велинова
