Здравство

Третман на повредените од пожарот во дикотеката „Пулс“

07.06.2025 15:46

Уште пет пациенти се лекуваат надвор од земјава. Еден од нив сè уште е во тешка состојба. Во домашните болници се седуммина меѓу кои и оние двајца последни кои се вратија од Србија. Најголем дел од повредните се лекуваат и рехабилитираат во Клиниката „Свети Наум Охридски“ во Скопје каде без згрижени најголем број од повредените по трагедијата во дискотеката...

Докторката Билјана Тодоровска-Шапова, од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ вели дека десетината повредени во „Пулс“ коишто цело време ги лекувале, сега се на третман со креми. Задоволна е што пациентите на коишто им направиле трансплантација на кожа, физикални терапии, а подоцна и третман за намалување на лузните, се опоравуваат одлично.

Во Клиниката ги третираат и повредените коишто се враќаат од лекување во странство. На тројца пациенти од Србија им е направена трансплантација на кожа.

Докторката Тодоровска-Шопова вели дека ја чекаат евалуацијата на здравствената состојба на повредените по што смета ќе треба да се прават само третмани на лузните. Според здравствените власти од 187 повредени коишто болнички биле третирани, деведесет се на третмани и терапии во кочанската болница.

Од повредените во дискотеката во Кочани, 38 одат на преврски додека, 46 пациенти се на физикална терапија.

 

Наташа Јанчиќ Менковски