Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа
„Бугарија да каже дека ќе нема нови барања на непринципиелна основа“ – повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој апелираше, соседната земја да покаже дека се залага за вистинска добрососедска политика. Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија – дојде на нашиот став ама не знаеме што е причината...

„Бугарија јасно да каже дека нема да поставува нови непринципиелни барања кон Македонија“ – повика лидерот на опозицискиот СДСМ. Филипче го повика источниот сосед да покаже европско однесување и да гарантира дека ќе нема нови условувања за нашиот јазик и идентитет.
Ваквата на реторика на Филипче, за ВМРО-ДПМНЕ е показател дека тој дошол на нивна позиција кога велат дека уставните измени не се единствениот услов што го поставува Софија – коментира владејачката партија. Во ВМРО-ДПМНЕ имаат сомнеж за намерите на првиот социјалдемократ.
Во меѓувреме, сите 17 бугарски европратеници потпишаа писмо за осуда на Томас Вајц, австриски европратеник, одговорен за извештајот за Македонија, во кој за првпат се споменуваат македонски јазик и идентитет. Бугарските европратеници сметаат дека македонската влада извршила прекумерно влијание врз работата на Вајц. Гласањето за извештајот е презакажано за 24-ти јуни.
Марија Котовска
