Македонија

Иницијатива – родителите на деца со попречености да добијат статус на негувател

08.06.2025 13:02

Биолошките родители на децата со попречености да добијат статус на „Родител негувател“, а нивните права да се изедначат со правата на згрижувачките семејства. Здружението на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица покрена петиција за законски измени бидејќи овие родители не можат и да се грижат и да одат на работа...

Родителите на децата со попречености бараат измени на Законот за социјална заштита за да добијат статус на родител-негувател идентично како и згрижувачите на лица со попречености. Анче Туфекчиева секојдневно се грижи за својата ќерка со Даунов синдром. Од таа причина не може да се вработи а со посебниот додаток од 7.800 денари смета дека не се преживува.

Туфекчиева преку здружението Вера од Струмица покрена онлајн петиција. Околу 4 500 семејства ја потпишале и бараат државата да обезбеди надоместок за еден од родителите кои се грижи за дете со попреченост или пак нивно вработување на 4 часа.

Иницијативата за измени на Законот за социјална заштита ќе биде презентирани предпреставници на политичките партии за да истите добија зелено светло од пратениците со што еден од биолошките родители на децата со попречености добие статус на негувател.

Ване Трајков