САД
Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија
08.06.2025 10:10
Американскиот претседател Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциските власти...

Американскиот претседател Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциските власти.
Судирите следеа по протести против масовните апсења на илегални мигранти. Во изјавата од Белата куќа се наведува дека операциите на имиграциските служби се важни за запирање на влез на криминалци без документи во САД.
