Прилеп

Младите со идеи за сопствен бизнис

08.06.2025 18:10

Младите во земјава имаат идеи за да почнат сопствен бизнис. Им треба поддршка од заедницата. За брзо во земјава треба да профункционира оперативниот план за вработување, со акцент на младите…

Прилепските средношколки Ева Зореска и Теодора Деркоска од текстилно-кожарската струка сонуваат да отворат свој бизнис како дизајнерки. Имаат идеи и замисли, очекуваат поддршка.

Образовната поддршка, кампањата да се купуваат локални, а не увезени производи и едукацијата се пресудни младите луѓе да ја градат својата иднина во земјава.

За една недела во земјава се очекува да почне оперативниот план за вработување, посебно млади.

 

Елизабета Митреска