Мицкоски со порака до младите-Македонија мора да успее, да го смениме системот и да ја вратиме надежта
Во Велес се одржа 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „34 години постоиме за младите“. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака до младите, Македонија мора да успее, не прифаќаме ништо помалку, за младите да останат дома...

Празни клупи на факултетите и улиците, полни автобуски со млади кои заминуваат од земјава, ова е заедничко потфрлање на сите кои досега ги воделе политиките во земјава. Затоа мораме да го смениме системот и да ја вратиме надежта. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака до младите, Македонија мора да успее, не прифаќаме ништо помалку, за младите да останат дома.
Мицкоски се осврна и на трагедијата во Кочани, рече дека опозицијата го злоупотребува случајот, Граѓанското движење за поддршка на Кочани, преминува во политичко движење. На прес конференции кажуваат кој треба да му се суди, а на кој не, сакајќи да го саботираат процесот на одговорност. Нема да дозволам на грбот на народот да правиме политика и да се злоупотребува судбината на цел град, рече Мицкоски. Тој посочи дека Владата веќе работи на проект кој ќе биде од историско значење на градот
Европа ја слушна вистината за Македонскиот индентитет и тој ќе биде дел од извештајот во Европскиот парламент, кажа Мицкоски, кој ги обвини претходниците дека прифатиле штетен договор за да останат на власт.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ говореше на годишната конференција на Унија на млади сили на партијата и се осврна на локалните избори, за кои најави дека убедливо ќе победат.
Петар Печков
