двојно убиство

Во Кривичен завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство на Вања и Панче

09.06.2025 08:12

Во Кривичниот суд завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На последното судење беа изведувани дополнителни докази од одбраната на Палевски, Видевски и Ѓорчевски...

Во Кривичниот суд завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На последното судење беа изведувани дополнителни докази од одбраната на Палевски, Видевски и Ѓорчевски. Според обвинението, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп, а грабнувањето на Жежовски во Велес пак, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на Вања.

Првообвинет е Љупчо Палевски, а меѓу 5-темина обвинети е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 24-ти и 27-ми ноември, а на 3-ти декември 2023-та година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.