Јаневска ќе го посети основно училиште „Гоце Делчев“ во с. Пирава
Станува збор за инвестиција во вредност од 322.600 долари кои ги обезбеди американската страна, додека Министерството за образование и наука и општина Валандово ја обезбедија потребната документација и надзор на изградбата...

Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, заменик амбасадорката на САД во Македонија, Никол Варнс и заменик шеф на Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД во Македонија, мајор Даниел Силвер ќе го посетат реконструираното основно училиште „Гоце Делчев“ во с. Пирава во општина Валандово.
Станува збор за инвестиција во вредност од 322.600 долари кои ги обезбеди американската страна, додека Министерството за образование и наука и општина Валандово ја обезбедија потребната документација и надзор на изградбата.
