Нови судири во Лос Анџелес, градот како воена зона
Лос Анџелес стана воена зона откако националната гарда по наредба на Трамп се распореди за да го заштити федералниот персонал и имот и покрај противењата на гувернерот и на градоначалникот.

Солзавец, флеш гранати, запалени автомобили-Лос Анџелес стана воена зона откако националната гарда по наредба на Трамп се распореди за да го заштити федералниот персонал и имот и покрај противењата на гувернерот и на градоначалникот.
„Подготвени сме да испратиме кој и да ни треба за да се осигураме дека редот се почитува. Јасно им кажав: никој нема да плука по нашата полиција или нашата армија неказнето. Ако тоа се случи, одговорот ќе биде многу силен. Тие плукаат, ние удираме“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
„Тука сме затоа што сакаме ослободување на притворените имигранти. Трамп се обидува да нè окарактеризира како бунтовници и ограбувачи, а ние всушност сакаме да кажеме дека ова е погрешно. Националната гарда само ја ескалира ситуацијата“, изјави Естрелазул Корал – демонстрант.
Одлуката е нелегална и неморална-вели гувернерот на Калифорнија Њусом и најавува тужба. Протести и во Сан Франциско против репресијата на Трамп против имиграцијата во Калифорнија.
