Москва и Киев со напади и обвинувања
Војната се разгорува наспроти обвинувања за ветеното во Истанбул. Русија чека потврда од Украина за размена на загинати борци, додека Киев вели дека сѐ уште нема целосни списоци на воени заробеници...

Масовни руски напади со „шахеди“ низ Украина, Москва јавува за десетици соборени украински дронови над Русија. Војната се разгорува наспроти обвинувања за ветеното во Истанбул. Русија чека потврда од Украина за размена на загинати борци, додека Киев вели дека сѐ уште нема целосни списоци на воени заробеници. Зеленски ја обвини Русија за валкана политичка и информативна игра и се надева на европска решителност и поголем притисок од САД врз Москва.
„Ако Русите не ги почитуваат договорите дури и за вакви хуманитарни прашања, тоа ќе ги стави сите меѓународни напори - а особено напорите на САД во однос на преговорите и дипломатијата во сериозен сомнеж. Треба да го зголемиме притисокот врз Москва. Русија разбира само еден јазик - јазикот на силата“.
