„Таен клиент“: ФЗОМ со најдобар едношалтерски систем
Во Фондот за здравство има напредок за разлика од лани- утврди „тајниот клиент“ на Министерството за информатичко општество и администрација. Љубезноста на вработените и добро означените шалтери даваат резултати. Недостига хигиената, но и формуларите. Ова е најдобрата институција во искористувањето на едношалтерскиот систем- смета министерот Иво Ивановски.

„Една од најзначајните услуги кои ќе влијаат врз ова подобрување најверојатно ќе биде промената на матичен лекар кое може да се направи електронски, услуга за која на годишно ниво во Фондот има до 600.000 промени. Тоа значи дека 600.000 граѓани нема да доаѓаат на шалтерите, ниту во подрачните единици и промената може да ја направат преку компјутер или преку својот матичен лекар“, рече Ивановски.