Израел

Бродот запрен, активистите приведени кои носат хуманитарна помош за Газа

09.06.2025 09:45

Израел го запре бродот со активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, кои носат хуманитарна помош за Газа...

Израел го запре бродот со активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, кои носат хуманитарна помош за Газа. Тие се приведени и ќе бидат вратени во своите земји, а помошта ќе се достави преку официјални канали – тврди Тел Авив.

„Поморската зона покрај брегот на Газа е затворена за поморски сообраќај, како дел од легална поморска блокада. Доколку сакате да доставите хуманитарна помош во Појасот Газа, можете да го направите тоа преку пристаништето Ашдод преку воспоставените канали и дистрибутивни центри“, изјави офицер од израелската морнарица.

Организаторите обвинуваат дека се киднапирани. Протестираат против израелската офанзива и блокада кои според нив, предизвикуваат хуманитарна катастрофа. Израелското МНР патувањето го нарече трик за односи со јавноста без вистинска хуманитарна цел. Во истовреме, офанзивата против Хамас продолжува.