Иран

Техеран има чувствителни документи за Израел

09.06.2025 11:07

Иран тврди дека поседува чувствителни израелски документи за нуклеарните постројки, воените капацитети и надворешните врски со САД, Европа и други земји...

Иран тврди дека поседува чувствителни израелски документи за нуклеарните постројки, воените капацитети и надворешните врски со САД, Европа и други земји. Го нарече ова „вредно откритие“ кое ќе ја зајакне офанзивната моќ на Техеран.

„Имаме разузнавачка ризница од стратешки, оперативни и научни разузнавачки информации на ционистичкиот режим. Комплетни нуклеарни документи се собрани и префрлени во земјава. Меѓу нив и документи поврзани со САД, Европа и други земји, кои ќе доведат до офанзивна моќ на Иран. Ќе ги објавиме наскоро“, изјави Есмаил Хатиб - министер за разузнавање на Иран.

Израел сè уште не ги коментирал обвинувањата. Не е јасно дали документите се од хакирањето на израелскиот нуклеарен центар минатата година, што Техеран ги открива сега поради зголемените тензии околу нуклеарната програма.