МТСП

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција со веб – страница достапна за лицата со попреченост

09.06.2025 11:55

Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб-страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост...

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб-страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост.

Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.