Изминатиот викенд 1.077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во деновите од изминатиот викенд (07./08.06.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.077 издадени платни налози дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 возачи возеле под дејство на алкохол и исклучени се од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање, додека пак санкционирани се 58 лица кои некористеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети.
Исто така а согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
