Полицијата го разби кримналното дувло во скопски Грчец

15.08.2014 15:16

Во последното продолжение на акцијата „Мрежа“ се бараат тројца – еден од нив и Пода, кој беше организатор на пратката марихуана која беше запленета пред неколку месеци. Успеал да избега 22 годишниот скопјанец кој е инволвиран во криминалната група, а се бара со меѓународна потерница.

Во полициската „Мрежа“ во Грчец падна и шефот на криминалната група од скопското село, Арслан Пода и неговата десна рака. Пода имал дебело криминално досие. Предводник е и на криминални групи кои оперираат надвор од земјава. Го бараат и чешката и словачката полиција за трговија со дрога. Неколкупати бил осудуван и во отсуство. Заедно со неговите соработници биле експерти во продажба на наркотични средства, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени.

„Двете лица се приведени во рамки на акцијата Мрежа која ја спрведуваме веќе подолго време и е насочена против уличните дилери и пресекување на меѓународни канали за недозволена трговија со дрога. Акцијата реализирана во с. Грчец се одвиваше брзо, беше прецизна и мина без никакви инциденти“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во последното продолжение на акцијата „Мрежа“ се бараат тројца – еден од нив и Пода, кој беше организатор на пратката марихуана која беше запленета пред неколку месеци. Успеал да избега 22 годишниот скопјанец кој е инволвиран во криминалната група, а се бара со меѓународна потерница. Прекарот на Пода е Бос, име по кое го знаеле  криминалците.  Полицијата во Грчец вршела серија претреси. Ова место со години важи за бастион на криминалци кои главно ограбуваат возила и домови во околината.

Досега во полициската акција „Мрежа“ се уапсени стотина лица а запленети се над половина тон најразлични видови на дрога.

Наташа Гркова-Петрушевска