ОЈО ГОКК

Уапсен струмички бизнисмен, осомничен за финансиски криминал

09.06.2025 17:23

Приведени се 15 правни и 23 физички лица. Координирана акција на Бирото за јавна безбедност, по налог на надлежен јавен обвинител за институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување. Преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ...

Приведен струмички бизнисмен во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи под раководство на Јавен обвинител. Во пријавата опфатени се 15 правни и 23 физички лица.

„Под раководство на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени сè уште две други лица“, се вели во соопштението од ОЈО.

Целта е демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура. Се сомничат за финансиски криминал.

Според досегашната истрага, се утврдило дека со помош на фиктивни фирми, непостојни физички лица од Косово и други земји, се вршеле лажни трансакции. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор.

Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ.

 

Александра Велинова