Училиштето во Пирава валандовско реконструирано – а се работи на други 27 училишни згради
Со поддршка на амбасадата на САД во земјава реконструирано е училиштето во валандовско Пирава каде се школуваат стотина ученици. Од Владата најавија дека летово ќе се работи на други 27 училишни згради за што има инвестициски циклус од 32 милиони евра...

Учениците од валандовско Пирава во иднина ќе имаат подобри услови за настава. Заврши реконструкцијата на училиштето за која амбасадата на САД додели 322 илјади долари. Објектот со деветте училници и спортската сала добија сосема нов лик.
Соработката меѓу амбасадата САД и Министерството за образование и општината дава плод, кажа градоначалникот на Валандово – Перо Костадинов.
Министерството оваа лето ќе пристапи кон изградба и реконструкција на повеќе училишни згради за што се инвестираат 32 милиони евра.
Од министерството најавија дека од следната учебна година нема да се плаќа превоз за ученици до друг град доколку во родното место ја има струката што ја изучува.
Ване Трајков
