Собрание

Избор на нов министер за здравство

09.06.2025 15:45

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, унапредување и поставување нови стандарди – порача премиерот Мицкоски од собраниската говорница. На пленарна седница, предлозите на владата за избор на нов министер за здравство и заменик-министер во земјоделство. ДУИ со критики до власта, бараат предвремени парламентарни избори. Од „Вреди“ велат Таравари бил исфрлен од владата зашто коалицирал со интегративците.

Расправа во законодавниот дом за предлогот за нов министер за здравство Азир Алиу и за заменик министер за земјоделство Албрим Хоџа. Очекувањата на премиерот се Алиу поефикасно да го менаџира здравствениот систем. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер. Време е тоа да се промени“, посочи Мицкоски.

Сепак, расправата за кадровското решение во здравството, прерасна во меѓусебни обвинувања на доскорешните коалициски партнери. Пратеникот Халил Снопче кажа дека тие не можат да бидат уценети и затоа се вратиле во опозиција. Противниците на потегот на поранешниот министер, велат Таравари бил исфрлен од владата зашто коалицирал со ДУИ и се фрлил во криминалните прегратки на Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Алиу да состави добар експертски тим каде што неговите способности ќе бидат добра комбинација за квалитетно здравство и квалитетни здравствени услуги.

Од ДУИ пак побараа предвремени парламентарни избори поради, како што велат, влошените меѓуетнички односи.

На седницата расправа и за предлогот за именување на Албрим Хоџа како нов заменик министер за земјоделие.

 

Игор Панов