Прва операција на рака со нов метод
Во прилепската болница тимот од ортопедското одделение првпат изведе операција ортопластика со што му ја спаси раката на 37-годишен пациент. Ова е втора операција по онаа во Скопје што значи децентрализација на оперативните зафати за пациентите да се лекуваат во својот град.

Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница под менторство на д-р Игор Мерџаноски од клиниката за трауматологија од Скопје ја изведе втората операција во земјава, прва во Прилеп, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент. Ова е зафат на ортопластика со вметнување имплант.
Оваа операција се прави по 20-тина години и разбирањето од министерството за здравство и од Владата ќе овозможи едукација на младите лекари и примена на нови методи.
Во прилепската болница очекуваат по една недела да почнат со операции на ’рбетниот столб.
Елизабета Митреска
