МВР ја следи состојбата со екстремизмот во регионот
Безбедносните служби ја следат состојбата во регионот поради појавата на екстремизмот предизвикан и увезен од блискоисточниот и северноафриканскиот регион.
„Ние внимателно ја следиме состојбата, ги следиме сите информации и анализираме како дејстувањето на овие лица во странски држави, во конретниов случај се работи за соседа држава, евентуално би можело да има влијание на безбедносната состојба во Република Македонија“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката информираше дека УБК и воопшто сите безбедносни служби со максимално внимание следат се што се случува, собираат ифнормации и се реагира соодветно.
„МВР треба да ја продлабочи соработката со косовската полиција иако е веќе потпишан договор за соработка“, изјави ресорната министерка Јанкулоска.