Образование

Од утре учениците на летен распуст

10.06.2025 08:29

Министерството за образование и наука само по една година ја укина одлуката за пролетен распуст, по реакциите на мнозинството наставници, родители и ученици од повисоките одделенија, кои рекоа дека не сакаат продолжување на учебната година...

Последен училиштен ден за сите ученици, пред летниот распуст, освен за матурантите кои учеа до 16-ти мај.

Министерството за образование и наука само по една година ја укина одлуката за пролетен распуст, по реакциите на мнозинството наставници, родители и ученици од повисоките одделенија, кои рекоа дека не сакаат продолжување на учебната година.

Утре матурантите го полагаат вториот задолжителен испит, странски јазик.