Нов масовен руски напад врз Киев и Одеса
Москва јавува за соборени десетици украински беспилотни летала над 6 руски региони...

Нов масовен руски напад врз Киев и Одеса со балистички ракети и дронови. Москва јавува за соборени десетици украински беспилотни летала над 6 руски региони. Русија единствено може да се принуди на мир со посилни санкции и зајакната украинска одбрана, иако Зеленски се надева на дипломатско решение.
„Ако состанокот не нè доближи до одлуки што можат да ја завршат војната преку дипломатија, тогаш мора да има одлуки што ја зајакнуваат нашата одбрана, ги поддржуваат нашите активни дејствија или го зголемуваат притисокот врз Русија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Наспроти борбите, Киев и Москва извршија размена на првата група војници под 25 години. Размената на телата е договорена за следната недела.