Блиски Исток

Нови жртви во близина на хуманитарен пункт во Рафа

10.06.2025 09:20

Во истовреме, Израел соопшти дека ги депортира Грета Тунберг заедно со останатите приведени активисти кои со брод носеа помош за Газа...

Палестинските власти обвинуваат за десетици нови жртви во израелски напад во близина на центар за хуманитарна помош во Јужна Рафа додека Израел ја продолжува воената офанзива во Појасот.

„Имаше многу повредени и жртви“, изјави Салим Ал-Рабаја, раселен од Рафа.

„Ја примаме храната со вкус на крв. Нашата ситуација е тешка. Издржавме многу, но сега сме под дното“, изјави Ибрахим Ал-Гон, раселен од Рафа.

Во истовреме, Израел соопшти дека ги депортира Грета Тунберг заедно со останатите приведени активисти кои со брод носеа помош за Газа.