Рехабилитација на повредените во „Пониква“
„На владина седница ќе донесеме одлука со која, одморалиштето „Пониква“ кое располага со 27 соби и 56 легла ќе се пренамени во Центар за рехабилитација...

„Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами“, уверува Владата, од каде што порачуваат дека останува обврската за целосна истрага и за расветлување на настанот, изнесување на сите инволвирани пред правдата, како и соодветна здравствена заштита и медицинска помош на повредените и на нивни семејства.
„На владина седница ќе донесеме одлука со која, одморалиштето „Пониква“ кое располага со 27 соби и 56 легла ќе се пренамени во Центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба, така и на пружањето медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани“, соопштуваат од Владата.
